МТСП: Обезбедено згрижување за 11-годишното дете со церебрална парализа од Охрид
За единаесетгодишно дете со церебрална парализа, кое го напуштиле двајцата родители и го оставиле со човек кој ниту знае како да се грижи за детето, ниту пак знае каква терапија тоа прима, детето прима, Министерството за труд и социјална политика обезбедило грижа и сместување во мал групен дом.
-Министерството за труд и социјална политика информира дека стручните служби и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Охрид постапуваат во врска со случајот на 11-годишното дете со церебрална парализа. За детето е обезбедена соодветна грижа и сместување во мал групен дом, се вели во соопштението од МТСП.
Денеска на социјалните мрежи и во одредени медиуми беше објавена информацијата за единаесетгодишното дете со церебрална парализа кое било напуштено од родителите и кое го чувал човек кој не знаел како да се грижи за него, ниту пак знае каква терапија детето прима.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа