Мртов маж пронајден на пазарот во Чаир
Вчера наутро на пазарот во Чаир бил пронајден мртов маж, по што веднаш била повикана полицијата.
-На 11.04.2021 во 10.12 часот во СВР Скопје било пријавено дека на пазарот во скопската населба Чаир има починато лице. Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека станува збор за Љ.К.(63) од Скопје, информираат од МВР.
Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.
12.04.2021 - 17:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа