Може да имате коронавирус и да имате негативен тест - д-р Јанковиќ објаснува зошто се случува тоа

Многу работи околу коронавирусто не изненадуваат од ден во ден, а посебно се шокантни сознанијата дека едно лице може два или повеќе пати да се зарази, но и дека пациент може да има коронавирус, а на сите тестови неговите резултати да се нагтивни.

-Тестовите имаат свои ограничувања. Ако зборуваме за ПЦР тест, тој е многу веродостоен тест кој открива дали е присутен вирусот. Кај некој може да се случи вирусот да биде во белите дробови и да предизвика тешки тегоби, да има има потреба за респиратор, но да има негативни резултати на коронавирус. Суштината е, ако е клиничката слика јасна тогаш тестот се повторува - објаснил српскиот доктор Срѓа Јанковиќ.

Додал дека лажно негативен тест може да се случи и при крај на инфекцијата.

-Се случува да дојде до ново избувнување на вриусот кој повторно ќе се намножи. Има случаи некој да прележал коронавирус на пролет, па повторно да заболел. Не знаеме дали е нова инфекција, но можно е, важно е со колкава зачестеност се случува тоа, повеќето развиваат имунитет - рекол докторот.

Кога станува збор за тестовите на антитела, Јанковиќ објаснил дека ако тстот ИГГ е позитивен, значи дека лицето претходно било позитивно на коронавирус и дека го прележало.

-Ако тестот ИГГ е позитивен тоа значи дека станува збор за активна инфекција - напоменува Јнаковиќ и додал дека е многу важно луѓето на време да се јават на лекар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2020 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега