На 19.08.2026 во 14:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Равен, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „форд“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.И.(31) од Гостивар и мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, управуван од А.О.(48) од с.Равен, гостиварско.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Ургентен центар Гостивар, информира МВР.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

Exit mobile version