МОСТ: Резултатите се тесни не сме во можност да проектираме мандати
Граѓанската асоцијација МОСТ го следеше денешното гласање со 900 набљудувачи. На 696 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, биле распоредени исто толку набљудувачи, со што биле покриени 20% од вкупниот број на гласачки места на територијата на целата држава, како и 20% во рамките на секоја изборна единица.
Според податоците добиени од програмата за паралелно сумирање на гласовите (ПВТ), која претставува математичко-статистичка научна метода, одѕивот на гласачите по изборни единици е следниот: ИЕ 1 – 53,42, ИЕ 2 – 49,53, ИЕ 3 – 57,76, ИЕ 4 – 61,85, ИЕ 5 – 51,13
ИЕ 6 – 40,84 отсто.
„Што се однесува до резултатите од изборите, поради тесните резултати и маргината на грешка која ПВТ примерокот ја продуцира, МОСТ не е во можност да ја проектира распределбата на мандати по изборни единици. Според обработените податоци од ПВТ примерокот, резултатите по изборни единици се следни: Изборна единица 1 – максимална маргина на грешка 2, ДПА – 0,85, Политичка партија Демократи – 0,1, Коалиција Можеме – 33,81, Левица – 7,32, Алијанса за Албанците и Алтернатива – 9,31, Глас за Македонија – 0,51 осто.
Набљудувачите на МОСТ во целиот изборен процес денеска констатираа само една нерегуларност на гласачко место во Кичевско, кога гласач го фотографирал избирачкото ливче и според нив изборниот ден поминал во регуларна атмосфера со почитување на мерките за заштита.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа