Вчера во 15:50 на ул.„Маршал Тито“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода В.К.(37) од Македонска Каменица.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,52 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Exit mobile version