Ноќеска во 01:38 часот, кај месноста „Копачка“, во близина на Кичево, лишен од слобода е З.Р.(32) од Кичево.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршено алкотестирање, биле утврдени 2,19 промили алкохол во крвта.
Возачот веднаш е исклучен од сообраќај, а по наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.
- Најнови информации за состојбата на Ивица Дачиќ: Тешко е да се зборува
- (ВИДЕО) Иран го нападна Израел – Силни експлозии одекнуваат над Ерусалим и северниот дел
- Македонец осуден на 5 години затвор во Швајцарија
- МНР со итен апел: Не патувајте во Израел, воздушниот простор е затворен
- Утрово најстудено во Прилеп, на Попова Шапка еден метар снег
- СДСМ: Сè што досега кажа Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ се покажа како голема лага
- ВМРО-ДПМНЕ: Што знае Груби што Спасовски, Филипче и Зечевиќ се толку многу вознемирени
- Денеска е Тодорова сабота: Ова се обичаите со кои девојките го дознавале својот иден сопруг


