Русија официјално објави дека нејзината воена морнарица ќе ги придружува трговските бродови поради, како што велат од Москва, „невидена кампања на лов“ врз руската флота. Николај Патрушев, помошник на претседателот Путин, потврди дека се спроведува сеопфатен сет мерки за безбедност, кои вклучуваат вооружена заштита и посебна опрема за бродовите.
Додека Москва се подготвува за воена заштита на своите рути, во централниот дел на Средоземното Море се одвива вистинска драма. Рускиот танкер „Арктик Метагаз“, дел од таканаречената „флота во сенка“, плови без контрола по серија експлозии. Италијанските власти алармираат дека бродот е „темпирана бомба“ која може да предизвика незапамтена еколошка катастрофа.
Девет европски земји веќе испратија итно писмо до Европската комисија, барајќи координирана акција за запирање на танкерот пред да дојде до експлозија која би го уништила медитеранскиот биодиверзитет.


