Мопед удри во автомобил во Чаир - млади момчиња итно однесени на Клиника

 

Две млади момчиња се здобиле со повреди при сообраќајна несреќа во Скопје.

-Вчера во 13:20 часот било пријавено дека во Скопје, на ул. „Цветан Димов“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(24) од Скопје и мопед „пијаџо“, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Б.(18) од Скопје. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил 17 - годишен сопатник од мопедот, а со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде биле пренесни за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.07.2020 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега