Француското правосудство објави шокантни детали за случај кој ја згрози светската јавност. Обвинителството во Гренобл трага по дополнителни сведоци во истрагата против 79-годишен маж, поранешен наставник, кој е обвинет за силување и сексуална агресија врз најмалку 89 малолетни лица.
Злосторствата се случувале во период од неверојатни 55 години (од 1967 до 2022 година). Обвинетиот, чие име не се открива поради истрагата, ги користел своите ангажмани како наставник за да патува и да демне жртви во девет држави на неколку континенти, вклучувајќи ги Германија, Швајцарија, Мароко, Нигерија, Алжир, Филипините, Индија, Колумбија и Нова Каледонија.
„Ова е случај со невидени размери кој опфаќа речиси цел работен век на обвинетиот“, изјави обвинителот Етјен Манто.
За време на сослушувањата, покрај серијата педофилски акти, мажот признал и дека извршил две убиства, лишувајќи ги од живот својата мајка и својата тетка.

