Поради констатирани нерегуларности во работењето и непостапување по задолжение
за отстранување на истите, Министерството за образование и наука информира дека е
донесена одлука за привремено запирање на работата на приватната висока стручна
школа – Факултет за бизнис економија во Скопје.
Нерегуларностите се констатирани од страна на посебна комисија во рамки на МОН за
вршење надзор над законитоста во работењето, а одлуката за времено запирање на
работата на оваа приватна високообразовна установа е донесена и врз основа на
мислење од страна на Одборот за акредитација на високото образование.
На Факултетот за бизнис економија нема запишани нови студенти во академската
2025-2026 година. Кон веќе запишаните студенти, високообразовната установа ќе ги
исполни обврските предвидени во Законот за високо образование со цел овозможување
непречена понатамошна едукација, односно префрлање на други факултети.
Почитувањето на законските прописи мора да биде основен принцип во работењето на
сите образовни установи. Тоа е единствениот начин да се обезбеди одржлив квалитет
кон корисниците на образовните услуги.
Во изминатите 15 месеци затворени се и 14 приватни научни институти, од кои дел
поради неактивност, а дел поради неисполнување на условите за работа. МОН и во
иднина неселективно ќе продолжи да ја контролира работата на образовните и
научните установи и да презема соодветни мерки онаму каде ќе бидат констатирани
отстапувања од правните норми.
Актуелно
- На вашето тело му треба детоксикација после празниците: Без драстични диети и стрес
- Германија планира да купи три воени бродови
- Американска републиканска сенаторка за Трамп: Зборува за Гренланд како да е недвижен имот
- Приведен насилник: Ги тепал неговите родители и им се заканувал со нож
- Стојаноски: Со новиот Кривичен законик секој во државава ќе мора да ги почитува законите, а правдата ќе важи за сите
- Голоб: Сè уште не е време Словенија да се приклучи на Одборот за мир на Трамп
- Хоџа-Габриел: Стратешко партнерство за европски инвестиции во животната средина
- Полицајците влегоа во Филозофскиот факултет во Нови Сад


