МОН: Училиштата не смеат да наплаќаат за свидетелствата, тоа е спротивно на Уставот и законите

Училиштата не смеат да наплаќаат такси за издавање на свидетелствата и тоа им го укажавме со допис уште пред крајот на учебната година,  соопшти Министерството за образование и наука како одговор на реакцијата од Сојузот на средношколци дека некои училишта наплаќаат за свидетелствата и дипломите за завршено средно образование.

МОН посочува дека педагошката документација потребна за крајот на учебната година се обезбедува од Бирото за развој на образование при што секое училиште добива дополнителни 5 отсто во случај на грешки и слично.

– Потсетуваме дека согласно Уставот на Република Северна Македонија, како и член 3 од Законот за основно образование, и член 3 од Законот за средно образование, секое дете има право на бесплатно и квалитетно образование, истакнува МОН и додава дека се работи за изолирани случаи во неколку училишта и дека за тие случаи ќе постапи Државниот просветен инспекторат.

12.06.2021 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега