Момчето кое застрела 19 деца во Тексас испратило порака на непозната девојка: Имам мала тајна

 

 

Осумнаесетгодишниот Салвадор Рамос кој уби најмалку 19 ученици и двајца учители во основното училиште Роб во Тексас, пред масакрот на социјалните мрежи објави фотографии од оружјето што го купил за својот 18-ти роденден.

Непосредно пред пукањето на фотографија од оружјето означил непозната девојка. „Имам мала тајна. Сакам да ти ја кажам. Биди благодарна што те означив”, и’ напишал тој во преписката, на што таа одговорила: „Тоа е страшно. Едвај те познавам, а ти ме означуваш на фотографија со некои оружја”

Преписката ја објавила девојката, а набргу потоа содржината била отстранета. Рамос пред масакрот во училиштето пукал и во својата баба која е во болница и се бори за живот.

Осомничениот 18-годишен напаѓач купил две пушки на својот 18-ти роденден, изјави сенаторот од Тексас, Роланд Гутиерез.

„Тоа било првото нешто што го направил кога наполнил 18 години“, рече тој.

25.05.2022 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега