Момче било поспано, па родителите го однеле на преглед: Лекарите во Ерусалим не можеле да поверуваат што гледаат на снимката
Лекарите од Ерусалим биле шокирани кога едно момче, чии родители биле загрижени за неговата ненадејна поспаност, дошла на преглед.
Родителите пристигнале во медицинскиот центар Хадаса со момчето од Палестина.
Лекарите веднаш го прегледале и на главата му нашле мала рана и крв. Веднаш направиле скенер по што откриле дека момчето има куршум во главата. Куршумот поминал низ черепот и застанал во мозокот на момчето.
Неврохирургот Гај Елор, кој го отстрани куршумот од главата на момчето, вели дека родителите не знаеле дека нивниот син е повреден со оружје.
"Мајката рече дека играл со своите пријатели и дека се случило нешто, можеби нешто паднало врз него. Приказната не е целосно јасна. Имаше мала рана на главата", рече тој.
Се сомнева дека момчето било погодено за време на прославата на Курбан Бајрам.
„Ако куршумот отишол во друга насока, тоа би можело да предизвика многу поголеми проблеми и значителна невролошка штета“, рече лекарот, додавајќи дека момчето добро се опоравувало и разговарало со своето семејство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа