Молотов коктел фрлен врз семејната куќа на командирот на прилепската полиција

Молотов коктел синоќа бил фрлен врз семејната куќа на командирот на прилепската полиција, Кирил Спиркоски, на улица „Киро Крстески –Платникот“.

- На 05.07.2020 во 03:50 часот во Полициска станица Прилеп, К.С. од Прилеп, полициски службеник во Полициска станица Прилеп пријавил дека во двор од куќа во негова сопственост непознато лице фрлило импровизиран молотов коктел кој успел самиот да го изгасне, при што нема повредени лица ниту поголема материјална штета. Се преземаат мерки за расчистување на случајот - информираа од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.07.2020 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега