Моќни Европејци му нудат на Додик да избега од БиХ
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека некои моќни луѓе од Европа му понудиле мирно да ја напушти Босна и Херцеговина.
„Имам понуда од некои моќни европски луѓе, кои ми испратија порака дека немаат ништо против да заминам и да бидам слободен во Унгарија, Русија, Србија, каде и да сакам“, рече Додик во емисијата „Телеринг“ на РТРС. Тој рече дека нема да ја напушти Република Српска.
пред еден месец, Судот на БиХ издаде налог за апсење на Додик и му одреди едномесечен притвор поради одбивање да се јави на поканата од Обвинителството на БиХ за сослушување како осомничено лице.
Додик беше прогласен за виновен со првостепената пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит. Покрај тоа, Додик е под истрага за сомнителната купување на вила во Белград, а тој одби да се јави на поканата за сослушување во тој случај
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа