Мојсовски: Дејан Георгиевски е новата ѕвезда во Македонија

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, го нарече Дејан Георгиевски идол и нова ѕвезда на македонскиот спорт.

– Сребрениот медал од Олимпијадата е голем успех за Македонија. Ова ќе го славиме уште многу години. Се надевам дека среброто од Токио, на следните Олимписки игри ќе се преточи во злато. Дејан е 22-годишно момче кое ги заслужи сите пофалби. Од самиот почеток Агенцијата за млади и спорт застана зад него, сите негови потреби ги теравме заедно и еве вроди со плод. За сите деца кои сакаат да се занимаваат со спорт, Георгиевски е нов идол, нова ѕвезда на македонскиот спорт. Тој ни даде мотив плус, по пандемијата, спортот да го вратиме посилно. Тој ни ги разубави моментите на Олимписките игри – истакна Мојсовски.

29.07.2021 - 16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега