Close Menu
Press24
    Најново

    Црн билтен во Скопје: Нападнат тинејџер, соседот ја претепал сосетката и ограбен пензионер на постојка

    10.03.2026 во 14:31

    Мистерија во Скопје: Албанец тврдел дека е повреден во сообраќајка, лекарите му нашле прострелна рана

    10.03.2026 во 14:20

    Велешанец сакал „две возачки“ – излажал дека ја изгубил дозволата за да извади дупликат

    10.03.2026 во 14:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Црн билтен во Скопје: Нападнат тинејџер, соседот ја претепал сосетката и ограбен пензионер на постојка
    • Мистерија во Скопје: Албанец тврдел дека е повреден во сообраќајка, лекарите му нашле прострелна рана
    • Велешанец сакал „две возачки“ – излажал дека ја изгубил дозволата за да извади дупликат
    • Скопјанец со „засилување“ упаднал кај поранешната партнерка – употребиле и електрошок
    • Насилство во охридски дом: Свекор и свекрва физички ја нападнале снаата
    • Избувна пожар во возот кој сообраќал кон Куманово – Откажани сите возни линии за Битола
    • Скандал во скопско училиште: Наставник сексуално вознемирувал ученичка
    • Ненад Савевски е новиот државен јавен обвинител
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МНР со масовна евакуација од Дубаи: 150 патници вечерва слетуваат во Скопје, меѓу нив и државјани на соседите

    МНР со масовна евакуација од Дубаи: 150 патници вечерва слетуваат во Скопје, меѓу нив и државјани на соседите

    10.03.2026 во 13:192 Mins Read
    ФОТО: ТАВ Македонија
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека со денешниот лет од Дубаи се евакуирани вкупно 150 патници, од кои 125 македонски државјани, 7 државјани на Србија, 11 државјани на Косово, 2 државјани на Босна и Херцеговина, 2 државјани на Албанија, 1 државјанин на Германија, 1 државјанин на Ерменија и 1 државјанин на Црна Гора.

    Во моментов во Обединетите Арапски Емирати остануваат околу 200 македонски државјани кои првично се пријавиле за евакуација, но според нивните изјави во овој момент не изразуваат подготвеност да ја реализираат.

    Авионот од Дубаи се очекува да слета на Меѓународниот аеродром Скопје околу 20:00 часот по локално време.

    Во однос на евакуацијата од Ријад, која е планирана за утре, информираме дека до овој момент се пријавени вкупно 153 патници кои ќе полетаат од Riyadh – King Khaled International Airport. Од нив, 9 се од Саудиска Арабија, 15 од Бахреин, 96 од Катар и 33 од Кувајт.

    Имајќи предвид дека нашата земја нема склучено договор за воздушен сообраќај со Кралството Саудиска Арабија, предвидено е авионот да слета на аеродромот во Приштина, по што ќе биде организиран превоз за патниците до Скопје.

    Напоменуваме дека целата организација на летовите, вклучително и сите поврзани трошоци, е покриена од страна на Владата преку Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

    Популарно

    Ненад Савевски е новиот државен јавен обвинител

    10.03.2026 во 13:31

    Неочекуван пресврт – Цената на нафтата драстично падна на светските берзи

    10.03.2026 во 08:18

    Иран ги прекинува сите преговори со САД: Имаме премногу горчливо искуство, војната ќе го запали целиот регион

    10.03.2026 во 09:41

    Турција под ракетен напад од Иран: Распоредени системи „Патриот“ откако НАТО пресретна две балистички ракети

    10.03.2026 во 09:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.