„Многумина не сакаа да се знае, а тој најмногу ме изненади“: Ѓоковиќ открил чија порака во инбокс не ја очекувал во Австралија

 

Додека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше притворен во Австралија, мал е бројот на неговите колеги кои јавно и експлицитно излегоа да го поддржат рекетот број 1.

Новак во опширното интервју за „РТС“ зборувал за тој период, како и за тенисерите кои (не) биле тука за него кога му било најтешко.

„Исклучително ги почитувам своите колеги и имам разбирање за тоа што некои одлучија да не се огласат, некои одлучија да ме критикуваат и да го осудат начинот на кој влегов во земјата, мислејќи дека сум постапил неисправно... Би сакал да имаа можност да ме контактираат, да почекаат да се раскаже и другата страна од приказната, да слушнат сè, но разбирам дека е тешка ситуацијата кога целото внимание на медиумите е насочено кон вас. Потоа добивале многу прашања поврзани за мојата ситуација кога сакале само да зборуваат за себе, за своите подготовки за турнир, за она што се однесува на нивните професии и имам разбирање и за оние кои излегоа и негативно зборуваа за мене“, вели Ѓоковиќ.

Новак признал дека најмногу го изненадил Ник Кирјос, кој со години го критикуваше, а потоа преку ноќ стана човек кој поради Ѓоковиќ ја критикуваше својата земја.

„Кирјос најмногу ме изненади бидејќи имавме и одредени недоразбирања во минатото, така да ги наречам, особено од негова страна. Пријатно ме изненади неговата поддршка, му се заблагодарив, како и на сите тенисери кои застанаа покрај мене. Од врвот тука се Медведев, Зверев. Ализе Корне... имаше многу тенисерки. Им се извинувам на сите кои не ги споменав, а има многу кои ми испратија лични пораки, а не се огласија во јавност и тоа го разбирам, непријатна е ситуацијата и за нив и за мене“, додал тенисерот.

18.02.2022 - 08:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега