ММФ: Пад на економијата во сите земји во регионот

ММФ за оваа година прогнозираше пад на БДП и во сите држави од регионот. Според ММФ, БДП на Хрватска ќе падне на 9 отсто, на Албанија и Косово по 7,5 отсто, на БиХ 6,5 отсто, Македонија 5,4 отсто и Србија од 2,5 отсто.

 

ММФ смета на намалување на светскиот БДП за 4,4 отсто, односно 0,8 отсто помалку од проценките соопштени во јуни.

Црногорската економија годинава би требало да ослаби 12 отсто, е новата прогноза на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

ММФ во април прогнозираше пад на црногорскиот бруто домашен производ (БДП) од 9 отсто.

 

ММФ кога е во прашање билансот на тековниот буџет во Црна Гора, во оваа година се предивидува минус од 14,2 отсто, наредната 13,6 отсто, а за 2025 година 9,1 отсто.

ММФ во најновата прогноза наведе дека глобалната рецесија, која ја предизвика пандемијата од коронавирус, ќе биде послаба отколку што се очекуваше оваа година, благодарение на одржливата активност во вториот квартал во напредните економии и Кина.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.10.2020 - 20:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега