Младо момче со „рено меган“ прегази баба

 

Тешка сообраќајка се случила вчера околу 17.00 часот во Охрид, кога младо момче на 26 години со иницијали Б.С. удрил во 84-годишна баба од Охрид. Бабата се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во охридската болница, известија од полицијата.

„На 05.09.2023 во 17.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Дејан Војвода“ во Охрид, патничко возило „рено меган“ со охридски регистарски ознаки, управуванo од Б.С.(26), удрил во Р.Т.(84), двајцата од Охрид. Притоа, Р.Т. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид“, се вели во соопштението на полицијата испратено до медиумите.

 

 

06.09.2023 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега