Младо момче со голф усмртилo пешак
Во Тетово денеска петнаесетина минути по пладне, животот го загуби 61-годишен пешак од Теарце во сообраќајна несреќа, која се случи на вториот кружен тек на влезот во градот.
Според информациите на СВР Тетово, 61-годишниот пешак од тетовско Теарце бил удрен од возило управувано од 25-годишен возач од Камењане.
-Во 12:15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ф.А.(25) од тетовско Камењане, удрило во пешак Р.Р. (61) од Теарце, кој од здобиените повреди починал на местото. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираше СВР Тетово.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа