Младо момче од Косово се удавило во Македонија- МВР со детали

 

Младо момче од Косово кое илегално ја преминало границата со Македонија се удавило во “Караниколичко езеро“.

„На 28.08.2020 во 14,50 часот било пријавено во Полициската станица за Граничен надзор Попова Шапка дека на територијата на нашата земја Ф.А. (на возраст околу 20 години) од Р.Косово заедно со уште неколку други лица од Косово илегално влегле во Република  Македонија по што влегле да се капат во „Караниколичко езеро“, при што, според пријавеното, Ф.А. се удавил. 

Едно од лицата се вратило во Р.Косово каде го пријавил настанот во полициска станица Драгаш, од каде потоа е известена ПСГН Попова Шапка.

На 29.08. околу 09,00 часот увидна екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител со хелихоптер пристигнале на местото на настанот и од водите на езерото било извадено телото на Ф.А“ соопштува полицијата.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција. Останатите лица кои биле со починатиот биле приведени во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.08.2020 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега