Младите во Србија најпозитивни кон Црногорците и Македонците, најнегативни кон Албанците
Младите во Србија имаат најпозитивен однос кон припадниците на црногорската и македонската националност, а најнегативен однос кон албанската, покажа овогодинешниот Алтернативен извештај за положбата и потребите на младите во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
-На скалата од еден до четири, со тоа што еден значи „секогаш имавме блиски и пријателски односи со нив“, два – „граѓанин како сите други“, три „не ми пречат, но јас не би се дружел со нив“, а четири „не ги сакам“ – Црногорците и Македонците добија највисоки оценки, соопши Главната организација на српската младина (КОМС).
Во групата пријателски националности на територијата на Србија и околината, Црногорците добија вкупна оценка од 1,68, веднаш следат Македонците со 1,75, па Бошњаците со оценка 1,82, Унгарците 1,94 и Романците со 1,95.
Оценката дека се „граѓани како и сите други“ од младите во Србија им е дадена на Хрватите со 2,04 и Бугарите со 2,09, а Албанците се најлошо оценети.
-Со оценката од 2,52 говори дека тие не се во категоријата со која младите не би се дружеле, а народи кои младите „не ги сакаат“ според ова истражување нема во соседството на Србија, сооштија од КОМС.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа