Цените растат, мерки нема-владата на Мицкоски ги остави граѓаните сами, обвини на Прес конференција на СДСМ, Рената Младеновска, Членка на Извршниот одбор.
Владата на Мицкоски ги остави граѓаните сами да се борат со скапотијата и со ниските плати. Не презеде мерки да го спречи покачувањето на цените. Во маркетите се е поскапено, јајцата, зејтинот, пиперките, доматите…а платите стагнираат. Очигледно се штитат бизнис интереси наместо стандардот на граѓаните, додаде Младеновска.

