Млад скопјанец загина со мотоцикл, а неговата сопатничка е тешко повредена

Во СВР Скопје вчера околу 23.50 часот пристигнала пријава дека на ул.„Елисие Поповски – Марко“, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Љ.А.(28) од Скопје изгубил контрола и удрил во ограда.

„По несреќата Љ.А. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и набргу починал. Со телесни повреди се здобила сопатничката Г.С.(27) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.“, соопштија од полицијата.

Известен бил Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

12.05.2022 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа