СВР Скопје – Единица за недозволена трговија поднесе кривична пријава против А.Р.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 30.10.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на возило „рено“, кое го управувал А.Р., при што се пронајдени и одземени се 100 куршуми калибар 7,62 мм.

