Млад маж мртов донесен на токсикологија

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера утрината во 05:54 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека на Одделение за токсикологија бил донесен 30-годишниот Р.Б. без знаци на живот.

Според пријавеното, веднаш потоа телото го земале членови на семејството и заминале со патничко возило, кое набргу било пронајдено. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.  

 

16.06.2021 - 16:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега