Во Собранието денеска ќе се одржи работилницата „Млад франкофонски парламент“. На отворањето на настанот ќе се обратат претседателот на Собранието Африм Гаши, францускиот амбасадор Кристоф ле Риголер, швајцарскиот амбасадор Кристоф Зомер, како и Иванка Василевска, претседателка на Секцијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата.
По воведниот дел ќе се одржи седница на Младиот франкофонски парламент – едукативна симулација „Имам став!“, под модераторство на Соња Стаменковска од Парламентарниот институт. На крајот од настанот ќе бидат доделени и сертификати за учество.


