Митревски закажа итна седница - пратениците ќе ги гласаат измените за автопатот Кичево - Охрид

 

Претседателот на Собранието, Јован Митревски предмалку закажа итна седница во 13:30 часот.

Седницата ќе има една единствена точка на дневен ред, а тоа се измените на Законот за инфраструктурни проекти.

-По барање на група пратеници од опозицијата и од мнозинството, а по нивна меѓусебна координација, претседателот на Собранието, за денеска во 13:30 часот закажа итна седница за Предлог на закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, по скратена постапка, предложен од Владата, велат од собраниската прес-служба.

Инаку, четвртокот беше последен работен ден за пратениците во Собранието со оглед на тоа што в четврток официјално почнува кампањата за претстојните избори.

01.04.2024 - 12:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега