Митрески: Рекордни 1,35 милијарди евра поддршка за македонските земјоделци
Партнерскиот однос со Вас како носители на една од најважните гранки во Македонија продолжува, изјави на денешната прес-конференција носителот на Изборната листа во петтата Изборна единица на СДСМ и на Коалицијата за европска Македонија, Јован Митрески.
Се што ветивме за земјоделците досега, исполнивме, рече Митрески.
„Зелена нафта, авансна исплата на субвенции, ИПАРД грантови за мали производители.
Во наредниот мандат продолжуваме со рекордни 1,35 милијарди евра поддршка за македонските земјоделци, кои ќе бидат наменети за модернизација, за поголеми приноси, за подобар квалитет, за извоз на македонското земјоделство.
Обезбедуваме 750 милиони евра субвенции и 600 милиони евра капитални инвестиции и проекти за рурален развој, до крајот на новиот мандат.
Имаме конкретен план за да обезбедиме рекордно домашно производство на македонска храна, во вредност од 1,5 милијарди евра, со извоз на домашни земјоделски производи кој ќе достигне 1,25 милијарди евра.
Вложуваме нови 100 милиони евра во руралниот развој.
Предводуваме поддршка за сточарството, за винариите, за младите земјоделци, за жените земјоделки.
Од 10 на 15 илјади евра го зголемуваме грантот за поддршка на младите земјоделци.
Ќе има инвестиции во системите за наводнување, со кои обезбедуваме наводнување до нови над 21.000 хектари“, истакна Митрески.
Митрески посочи дека планот за европска иднина на Македонија е реален, со конкретни мерки кои ќе донесат и конкретни резултати.
„Покажавме дека имаме капацитет и знаење, но и дека имаме и план и храброст тој план да го реализираме.
Со почетокот на преговорите и со зачленувањето во ЕУ, се отвораат нови перспективи и за земјоделците.
Затоа, Ве повикувам на 24 април и на 8 мај да дадеме силна поддршка за СДСМ и за Коалицијата за европска Македонија, бидејќи ние обезбедуваме прогрес, развој и унапредување за сите.
Гласаме за бројот 1!
Нема откажување од иднината!“, потенцираше Митрески.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа