Пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, на денешната седница постави пратеничко прашање до заменик-министерот за земјоделство Албрим Хоџа, во кое бара јасни и конкретни одговори кога ќе им се исплатат субвенциите на сточарите. Воедно, Митрески побара и објаснување кога ќе биде отворена апликацијата за субвенции за 2026 година, имајќи предвид дека вообичаениот рок веќе е пробиен.
Во продолжение е интегралното пратеничко прашање на Митревски:
„Ние пред неколку дена зборувавме на тема земјоделство многу . Имавме интерпелација за министерот за земјоделство која за жал не помина. Денес се отвораат теми и слушаме и прашања, одговори за износот на исплатените субвенции, па колку се исплаќало по години и така натака. Имам исто така конкретно прашање. Пред некој ден сточарите во Пелагонија најавија дека ако до 30 јуни 2026 година, значи до 30 јуни сега за неколку дена, не бидат исплатени субвенциите за говеда и млеко дека ќе излезат на протест. Знаете од 21 до 24 денари е откупната цена на млекото. Литар вода е исто, чини исто колку откупната цена на литар млеко, такви се нивните изјави, таквите такви се нивните споредби. Моето прашање е дали до 30 јуни 2026 година ќе бидат исплатени субвенциите за сточарите и за по грло на на говедо и за за млекото. Дополнително, бидејќи не е отворена уште апликацијата за субвенции за 2026 година, претежно течела во месец мај, се завршувала, еве завршува јуни, а уште не е почната, како дополнително поврзано прашање со ова е кога ќе можат земјоделците да аплицираат за субвенции за 2026 година и се надевам дека нема да дадете одговор дека проблем е софтверот како што впрочем во јавно се кажува за повратот на ДДВ на граѓаните како проблем“.


