Митева: Веднаш да се повлече предложениот концепт за реформи на образованието

Додека  релевантни институции и еминентни професори потенцираат за бројни недостатоци, министерката Царовска чека писмени забелешки на емаил адреса. Упорна во своите намери и без слух за проблемите кои ќе настанат, се обидува да го игнорира мнозинството.

Ова вечерва го истакна Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека стаавот на фелата е едногласен, реформите се потребни, но „Не“ за, како што вели, вакви квази концепции.

- Предложениот концепт треба веднаш да се повлече и да се пристапи кон креирање на нов. Потребно е да се напушти концептот на интегрирање на предмети особено историја и географија. Недостасува истражувачки период, стручни мислења и  јавна дебата за учеството на стручната, но и на пошироката јавност. Прашањето е дали имате желба вистински да ги подобрите состојбите во образованието? После неуспешни платформи, сега и неуспешни концепции? Потенцираме, ВМРО-ДПМНЕ бара градење на национален став на темата Реформи во образованието. Охрабрете се и формирајте работна група од сите релевантни чинители во образовниот систем, вклучувајќи ги и стручните тела на политичките партии. Треба да се обезбедат голем број на услови пред започнување на реформата, рече Митева.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.12.2020 - 19:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега