Митева: Од утре за сметка од 5.500 денари ќе се плаќаат над 6.000 денари
„Од утре граѓаните ќе плаќаат поскапа струја затоа што власта го зголемува ДДВто од 10 на 18%. Покачувањето е само заради тоа што власта сака да собере повеќе пари во буџетот, кој со години го краде“. Оваа порака ја испрати портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева на денешната прес-конфереција.
Со СДС и ДУИ од 2017 година до денес струјата поскапе за повеќе од 50%, потенцираше таа. Додаде дека не поминува година, а да нема покачување.
„СДС удира по народот, за да го полни буџетот кој го трошат на тендери и криминали“, изјави Митева.
Со утрешното покачување на цената на струјата, а според блоковите кои ги воведоа СДСМ, граѓаните кои паѓаат во вториот блок ќе плаќаат за 2,88 отсто поскапа струја, во третиот блок зголемувањето ќе биде 9,99 отсто, а во четвртиот блок зголемување од 9,87 отсто.
Во просек најголемиот број домаќинства ќе имаат зголемување од 2.88% и 9.99%.
„Тоа би значело дека на сметка од 5.500 денари покачувањето ќе биде над 500 денари. И сметките за јули, наместо како досегашните 5.500 денари, ќе бидат над 6.000 денари.
СДС ветуваа поевтина струја, а граѓаните денес плаќаат поскапа струја од било кога порано“, кажа Митева.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа