Close Menu
    Најново

    Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5

    30.12.2025 во 23:21

    Запалено игралиште за баскет во Радишани

    30.12.2025 во 23:05

    По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата

    30.12.2025 во 22:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5
    • Запалено игралиште за баскет во Радишани
    • По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата
    • Две лица се повредени во сообраќајката Кочани – Штип
    • Поради сообраќајна незгода во прекин сообраќајот на патот Кочани – Штип
    • На 35 години почина внуката на Џон Кенеди
    • Шефот на украинската војска за Западот: Ние повеќе никого не молиме, сега тие доаѓаат кај нас
    • Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Митески: Со топлификациона мрежа, гасна централа и 110 км топловодна мрежа ќе го решаваме загадувањето во Аеродром

    Митески: Со топлификациона мрежа, гасна централа и 110 км топловодна мрежа ќе го решаваме загадувањето во Аеродром

    01.10.2025 во 11:03
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Дејан Митески, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата Студио 10 на телевизија 24. Митески зборуваше на темата за загадувањето при што истакна дека е еден комплексен проблем. Како што вели тој, ВМРО-ДПМНЕ  има изработено програма со цел да се реши проблемот со загадувањето, меѓутоа, кога станува збор за депонијата Вардариште, потребна ќе биде и поддршката од Град Скопје, за да се реши проблемот со истата. Во делот на чистотата, Митески истакна дека во план е да се зајакнат и инспекциските служби околу ова прашање.

    ,,Претпоставувам дека сме единствената политичка партија која што има програма изработено. Предвидуваме решавање на еден аспект од загадувањето со изградба на топлификациона мрежа, проект со Владата на Република Македонија за изградба на гасна когенеративна централа и развој на 110км топловодна мрежа во населба Лисиче, Горно Лисиче, Долно Лисиче. Ќе отстраниме во наредниот период еден дел од причините за загадувањето“, рече Митески.

    Митески се осврна и на делот за сообраќајот и истакна дека предвидена е изградба на нова сообраќајна инфраструктура, а зборуваше и за депонијата Вардариште, при што посочи дека ќе им биде потребна поддршка од идниот градоначалник на Град Скопје во процесот на решавање на проблемот со депонијата.

    ,,Предвидуваме изградба на нова сообраќајна инфраструктура, нови поврзувања кои што ќе го олеснат сообраќајот и ќе го намалиме делот на загадувањето од возила кое што се предизвикува“, кажа Митески и додаде:

    ,,Предвидуваме решавање на депонија Вардариште, заедно со градоначалникот на Град Скопје, имајќи предвид дека ни е неопходна поддршката од Град Скопје, за да можеме да конечно ја исчистиме таа депонија. Да изградиме еден нов парк и таа депонија да остане минато, а новиот парк да биде симбол на тоа дека ги слушаме граѓаните, се бориме заедно со нив и предвидуваме односно имплементираме решение“.

    Митески додаде дека постојано се чисти и дневно повеќе од 10 тони отпад се депонираат во депонијата Дрисла, а капацитетите ќе се зајакнат со цел да не се создаваат диви депонии на лице место.

    ,,Ќе продолжиме со ист интензитет уште посилно, ќе ги зајакнеме инспекциските служби, се со цел да не создаваат диви депонии на лице место. Ќе се отвори дежурна линија за пријавување на диви депонии и формирање на тимови за интервентно чистење на диви депонии кои што се создаваат секојдневно. И покрај тоа што денеска чистиме повторно се создаваат од причина што ЈП Комунална хигиена Скопје не го собира отпадот онака како што треба. Мораме да ангажираме дополнителна механизација. нешто што не е наша примарна надлежност, меѓутоа како Општина не смееме да оставиме да бидат преполни тие контејнери“, заклучи  Митески.

    Популарно

    Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина

    30.12.2025 во 21:35

    Калајџиев: Си играте играчки – ѕидот на срамот е импровизација

    30.12.2025 во 21:24

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50

    Шефот на украинската војска за Западот: Ние повеќе никого не молиме, сега тие доаѓаат кај нас

    30.12.2025 во 21:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.