Мистериозен маж на гробот на Ксенија: Ја бакнуваше фотографијата и запали свеќа, тагата не можеше да ја сокрие (ВИДЕО)
На Новите гробишта во Белград денеска се одржува помен по повод 12-годишнината од убиството на пејачката Ксенија Пајчин.
Таа во 2010-та година во својот стан беше убиена од нејзиното момче Филип Каписода, кој потоа си го одзеде животот.
Секоја година на овој црн ден, на гробот доаѓаат мајката на Ксенија Љубица, кумот Бане Девиќ, пријателот Горан – Карамела и други.
Новинарите и фоторепортерите се таму од утрово, па пренесуваат за посетата на мистериозен маж.
Следуваше една мистериозна посета, која ја забележале насобраните новинари – маж непознат за јавноста оставил цвеќе, го бакнал гробот, а потоа запалил свеќа за одмор на душата на Ксенија.
ТВ Пинк објави видео од ово момент:
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа