Мисајловски во посета на припадниците на баталјонот за Специјални сили – Волци: Вие сте инспирација и херои на нашата нација

 

Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денеска ги посетија припадниците на баталјонот за Специјални сили – Волци во касарната „Илинден“ во Скопје.

За време на посетата министерот Мисајловски беше брифиран за историјатот на единицата, мисиите и задачите кои ги остварува, учеството во мировните операциите како и операциите за заштита на источното крило на Алијансата мисијата eVA.

Министерот Мисајловски во разговор со припадниците на единицата упати искрена  благодарност за нивната служба и непоколеблива посветеност.

„Вие сте инспирација и херои на нашата нација. Чест и привилегија ми е да застанам пред вас припадници на најелитната единица на Армијата. Наши чувари на мирот, олицетворение на храброст и посветеност во службата значајни за Армијата и за граѓаните“ рече министерот Мисајловски и додаде дека ќе направи се за оваа, но и за останатите единици на Армијата да бидат на уште повисоко ниво на подготвеност и опременост.

При посетата, министерот Мисајловски имаше можност да се запознае со дел од опремата која ја користат припадниците на единицата и да ги посети објектите на баталјонот за Специјални сили.

03.07.2024 - 14:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега