Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја заврши пругата до Бугарија и ќе изгради експресен пат од Куманово до Крива Паланка

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 2, Владо Мисајловски денеска беше во посета на Куманово каде што оствари повеќе средби со граѓани, на кои заклучокот е дека апсолутно секој еден граѓанин на своја кожа ги чувствува неправдите, сиромаштијата и немањето перспектива како резултат на владеењето на СДСМ. 

Мисајловски истакна дека после 15 јули сето тоа станува минато бидејќи откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе власта ќе создаде подобри услови за бизнисот за да може и работниците да добијат поголеми плати. За таа цел ВМРО-ДПМНЕ ќе ги покачи платите за 25%, а пензиите за 20%, додека пак за вработување на млади лица до 29 години компаниите ќе бидат ослободени од давачки. 

Тој додаде дека од акцизата која ја наметна СДСМ, новата влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 2,5 милијарди годишно за образованието, науката и спортот. 

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ исто така потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ силно ќе се посвети на инфраструктурата, ќе се изградат над 1.000 километри патишта, ќе се изгради експресен пат од Куманово до Крива Паланка  и конечно ќе ја заврши пругата до соседна Бугарија. 

- Ние нудиме решенија, целта е обновата да дојде во Македонија, обнова во инфраструктурата, во уметноста, во  спортот и насекаде во Македонија, нагласи Мисајловски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.07.2020 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа