Мисајловски: Оваа власт знае дека ќе биде поразена на изборите кога и да се случат
Оваа Влада е бајата, најпрво најавите беа дека нема теоретска шанса да има реконструкција на Влада, но видовме една група во ДУИ која се одметна поради лични проблеми и несогласувања кон вицепремиерот Арган Груби и оваа пресметка внатре во ДУИ доведе да власта побара нов субјект што е во опозиција да им направи кворум, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во денешното гостување во емисијата „За или против“ на Алфа Телевизија.
Тој додаде дека Алијанса на Албанците не добила апсолутно ништо.
„Алијанса на Албанците која сега влегува во Влада еден до два месеци претходно ја напаѓаа власта и ДУИ но во Собрание правеа кворум и нивните пратеници дозволуваа да започне седница“, рече Мисајловски.
Мисајловски посочи дека самата помисла на власта дека на избори ќе изгуби ги тера да нуди се и сешто на другите политички партии за да останат на власт. Ковачевски знае дека кога и да има избори тој ќе изгуби.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа