Мисајловски: Не поскапуваат само бензините, туку и основните трошоци за живот

Не поскапуваат само бензините во Македонија, туку поскапуваат основните трошоци за живот. Додека власта сака да покаже дека се е розово, реалноста е дека граѓаните имаат се помалку пари да ги набават основните продукти чии цени растат од ден на ден, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес конференција.

„Не се само бензините што поскапуваат во Македонија, поскапуваат основните продукти, поскапува зејтинот, поскапуваат сите намирници за нормален живот. Дали треба да има одговорност во оваа влада, апсолутно дека треба да има одговорност. Тие фиктивно ја покачуваат просечната плата, а цените кога ќе отидете во било кој маркет тие постојано растат“, вели Мисајловски.

Тој потенцира дека ниту 100 прес конференции на СДСМ нема да го покријат фактот дека граѓаните живеат полошо и додаде дека поради тоа време е целата влада да си даде оставка.

„Дали имаме подобар живот е прашањето за жал, дали граѓаните се посреќни, дали имаат повеќе средства? Не. Тоа е само една фикција, со 100 преса СДСМ и власта ќе прикажат дека има живот во Македонија, но за жал не е така. Тие се апсолутно неспособно на секое поле и треба да има оставки. Не само на поединци туку на цела влада“, нагласи Мисајловски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2021 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега