Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денеска од велешката касарна, каде нови професионални војници дадоа свечена заклетва, порача дека граѓаните можат да бидат спокојни бидејќи безбедносната состојба во државата е стабилна и на највисоко ниво.

И покрај турбулентните геополитички случувања и новите воени жаришта во светот, Мисајловски потенцираше дека припадноста кон НАТО алијансата нуди дополнителна сигурност.

„Државата е безбедна. Ние сме дел од едно огромно семејство – НАТО. Следниот месец на министерскиот состанок на Алијансата детално ќе разговараме за сите актуелни случувања, но можам да потврдам дека нашата безбедност е на највисоко ниво“, изјави Мисајловски.

Exit mobile version