Мисајловски: Купувањето пратеници стана заштитен знак на СДСМ, од нив не може да се очекува чесност
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на својата фејсбук страница сподели статус во кој напиша дека купувањето пратеници стана заштитен знак на СДСМ за што говори и минатото искуство.
„Техничкиот премиер вели купувањето пратеници било небулоза на опозицијата.
Тоа што работата не им е завршена, не значи дека “понуди” до пратеници нема. А впрочем купувањето пратеници некако стана заштитен знак на СДСМ за што говори и минатото искуство.
Од Власт која организираше поткуп и фалсификат избори какви што поминавме, не може да се очекува чесност и принципи.
Што се однесува до формирањето на нова влада и неговото тврдење дека залудно се чекале нови избори, добро е доколку еве толку е уверен дека СДСМ ќе ја формира владата да видиме кој е составот на таа влада, чиво ќе биде премиерското место и чуму толку нервоза доколку работите им одат “подмачкано” или да не биде работата кажана низ призмата на еден од нивните потпретседатели “гладна кокошка просо сонува”, тоа допрва ќе видиме“, напиша Мисајловски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа