Мисајлоски: Македонската Армија останува да биде гарант на мирот

 

Честит 11 Октомври - Денот на народното востание!

Денеска ја славиме храброста и одлучноста на сите што се бореа за правда и слобода и се потсетуваме на самопожртвуваноста и непоколебливоста на нашите херои од 1941 г. која не инспирира. Да ја сакаме нашата татковина, да ги почитуваме демократските вредности и да се бориме за просперитетна Македонија, порачува првиот човек на Министерството за одбрана.

Во време кога безбедносната состојба во Европа и во светот се менува, македонската Армија останува да биде гарант на мирот, безбедноста и стабилноста во државава, регионот и пошироко, се додава во неговата честитка.

11.10.2024 - 10:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа