Со измерени -4 степени Целзиусови, Берово утринава во 7:00 часот беше најстуденото место во земјава. По него следуваат Попова Шапка и Крива Паланка, каде што беа измерени -3, односно -2 степени.

Температура од -2°C е регистрирана во Пожаране и Тетово, -1°C во Скопје-Петровец, Тополчани и Маврови Анови, додека 0 степени се измерени во Велес, Демир Капија, Битола, Претор, Скопје–Зајчев Рид, Кавадарци и Прилеп.

Во Крушево, Штип, Охрид и Виница утринската температура изнесуваше 1°C, 2°C беа измерени во Куманово и Гевгелија, а најтопло утринава беше во Струмица со 3 степени Целзиусови.

Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), највисока снежна покривка од 30 сантиметри е измерена на Попова Шапка. Во Маврови Анови снежната покривка изнесува 11 сантиметри, а во Крушево 4 сантиметри.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во претпладневните часови по одделни котлини се очекува појава на магла. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, додека на планините ќе врне снег. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи од 8 до 12°C.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со магла, а попладне со сончеви периоди. Максималната температура ќе достигне до 7°C.

Exit mobile version