Close Menu
Press24
    Најново

    Тешка сообраќајка: Автомобил излета од патот – тројца повредени

    12.03.2026 во 17:12

    Пијан скопјанец со „форд“ се забил во полициска „шкода“ – три лица пренесени во болница

    12.03.2026 во 16:45

    МНР: Евакуирани 458 лица со четири летови од Блискиот Исток

    12.03.2026 во 16:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тешка сообраќајка: Автомобил излета од патот – тројца повредени
    • Пијан скопјанец со „форд“ се забил во полициска „шкода“ – три лица пренесени во болница
    • МНР: Евакуирани 458 лица со четири летови од Блискиот Исток
    • Хаос на патиштата низ Македонија: Деца возат автомобили и мопеди, приведен тракторист со речиси 3 промили алкохол
    • Претепани сопруги и родители: 11 пријави за семејно насилство за еден ден, четворица завршија зад решетки
    • Извршители ја стопираа продажбата на автомобилот на Мерко
    • Насилствата немаат крај – мајки од Аеродром ѕвонат во полиција: Ќерките им се претепани
    • Крвава пресметка меѓу чираци: 15-годишник со остар предмет нападнал врсник во берберница во Арачиново
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Минус четири степени во Берово: Натрупа снег на Попова Шапка

    Минус четири степени во Берово: Натрупа снег на Попова Шапка

    24.01.2026 во 10:29Updated:24.01.2026 во 10:371 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Со измерени -4 степени Целзиусови, Берово утринава во 7:00 часот беше најстуденото место во земјава. По него следуваат Попова Шапка и Крива Паланка, каде што беа измерени -3, односно -2 степени.

    Температура од -2°C е регистрирана во Пожаране и Тетово, -1°C во Скопје-Петровец, Тополчани и Маврови Анови, додека 0 степени се измерени во Велес, Демир Капија, Битола, Претор, Скопје–Зајчев Рид, Кавадарци и Прилеп.

    Во Крушево, Штип, Охрид и Виница утринската температура изнесуваше 1°C, 2°C беа измерени во Куманово и Гевгелија, а најтопло утринава беше во Струмица со 3 степени Целзиусови.

    Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), највисока снежна покривка од 30 сантиметри е измерена на Попова Шапка. Во Маврови Анови снежната покривка изнесува 11 сантиметри, а во Крушево 4 сантиметри.

    Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во претпладневните часови по одделни котлини се очекува појава на магла. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, додека на планините ќе врне снег. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи од 8 до 12°C.

    Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со магла, а попладне со сончеви периоди. Максималната температура ќе достигне до 7°C.

    Популарно

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04

    Нафтата поевтинува

    11.03.2026 во 12:19

    Крај за лажните „0% камата“: Министерството за финансии откри измами кај финансиските друштва

    11.03.2026 во 13:10

    ФОТО: Си замина мирно во сон – Последната фотографија од актерот Кили

    12.03.2026 во 09:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.