Министерството за локална самоуправа (МЛС) обезбеди итна донација од 50.000 литри вода за пиење за жителите на Општина Гостивар, како дел од координираниот одговор на кризата со водоснабдувањето.

Денеска во Гостивар веќе пристигна првиот од двата предвидени камиони со почетните количини бесплатна вода за населението.

Поводот за брзата институционална реакција го објасни министерот за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ:

„Во моменти кога граѓаните се соочуваат со сериозни предизвици реагираме брзо, одговорно и солидарно. Со оваа донација даваме конкретен придонес во надминувањето на состојбата и испраќаме јасна порака: институциите се рамо до рамо со граѓаните секогаш кога тоа е потребно“, изјави Стоилковиќ.

Од ресорното министерство наведуваат дека целта на испораката е директно задоволување на основните потреби на граѓаните додека важат препораките на надлежните служби.

Теренските активности и состојбата во Гостивар постојано се следат во координација со сите релевантни институции.

Во однос на поддршката за општините во вонредни услови, од МЛС истакнуваат:

„Со оваа брза и конкретна акција, Министерството за локална самоуправа уште еднаш ја потврдува својата улога на сигурен партнер на сите општини – подготвено, навремено и одлучно да реагира преку институционална поддршка и директен ангажман во надминување на сите вонредни предизвици.“

Exit mobile version