Министерство за здравство: Регистрирани 120 новозаразени од коронавирус во Македонија - 5 лица починаа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-63, Куманово-4, Дебар-6, Штип-4, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-6, Велес-2, Битола-1, Охрид-4, Гостивар-12, Свети Николе-1 и Кичево -1.
„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 125 оздравени лица од: Скопје-82, Штип-1, Тетово-30, Струга-2, Битола-2, Гостивар-2, Кочани-4, Пехчево-1, Ресен-1.
Починати се 5 лица, двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово и двајца пациенти од Тетово.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 65 години. Во ГОБ „8 септември“ почината е пациентка на возраст од 46 години кај која присуството на вирусот е докажано постмортем. Во болницата во Козле е почината пациентка на возраст од 85 години. Во Тетово се починати две лица вон болнички услови на возраст 78 и 76, кај едниот од починатите ковид 19 е дијагностициран постмортем. 
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7244,  бројката на оздравени пациенти е 3324, на починати е 351, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3569. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
•       Скопје 3487, активни 1941
•       Куманово 805, активни 197
•       Дебар 116, активни 64
•       Штип 394, активни 160
•       Прилеп 283, активни 53
•       Тетово 789, активни 373
•       Струга 274, активни 173
•       Велес 198, активни 44
•       Битола 63, активни 22
•       Охрид 209, активни 180
•       Кавадарци 21, активни 15
•       Гостивар 173, активни 103
•       Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
•       Струмица 17, активни 9
•       Крива Паланка 17, активни 11
•       Радовиш 4, активни 0
•       Крушево 7, активни 3
•       Кочани 75, активни 18
•       Пробиштип 28, активни 17
•       Демир Хисар 2, активни 1
•       Македонски Брод 6, активни 4
•       Пехчево 6, активни 2
•       Берово 3, активни 0
•       Валандово 6, активни 2
•       Виница 4, активни 1
•       Делчево 1, активни 0
•       Кратово 5, активни 2
•       Свети Николе 47, активни 42
•       Кичево 49, активни 40
•       Ресен 122, активни 84
•       Неготино 21, активни 5 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1367 теста се преку: ИЈЗ-628, Авицена-100, Биотек-134, МАНУ -115, Жан Митрев (Филип Втори) -258, Систина со PCR метода -116, ЦЈЗ Битола-16. Досега во земјата се направени вкупно 69.426 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. 
Во болницата во Козле се хоспитализирани 27 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 3 деца позитивни и 2 суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 нови, вкупно хоспитализирани се 115 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 102 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
•       Чаир – 373
•       Аеродром - 154
•       Бутел - 167
•       Гази Баба - 192
•       Центар – 144
•       Карпош – 158
•       Сарај – 140
•       Кисела Вода – 108
•       Ѓорче Петров – 109
•       Студеничани – 107
•       Шуто Оризари – 91
•       Арачиново – 50
•       Илинден – 32
•       Петровец – 17
•       Чучер Сандево – 18
•       Сопиште – 9
•       Зелениково-8
•       Странец – 2
•       Нераспределен- 62“, информираше Министерството за здравство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега