И покрај 24-часовниот мониторинг и максималните напори на медицинскиот тим на Клиниката за неврохирургија, двегодишното дете кое настрада во новогодишната ноќ, за жал, им подлегна на повредите.
Од Министерството за здравство попладнево информираа дека детето било примено со тешки повреди на мозокот предизвикани од метален предмет. „Детето беше интубирано, поставено на механичка вентилација и ординирана му беше соодветна терапија. Сепак, интензитетот на деструкцијата на мозочното ткиво беше таков што не дозволуваше хируршко лекување“, се наведува во соопштението.
Лекарите констатирале дека повредите се некомпатибилни со животот, што довело до трагичниот исход.

