Close Menu
Press24
    Најново

    Министерство за транспорт смирува: Не верувајте во шпекулации, се бара трајно решение со Брисел

    16.02.2026 во 12:39

    Лоши вести за возачите: Горивата поскапуваат

    16.02.2026 во 12:29

    Метео предупредување од УХМР: Подгответе се за пообилни врнежи, снег на планините и силен ветер

    16.02.2026 во 12:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Министерство за транспорт смирува: Не верувајте во шпекулации, се бара трајно решение со Брисел
    • Лоши вести за возачите: Горивата поскапуваат
    • Метео предупредување од УХМР: Подгответе се за пообилни врнежи, снег на планините и силен ветер
    • Стружанец остана без автомобилот: Го возел „голфот“ иако имал забрана за управување
    • Трагедија на патот Подмоље – Струга: Камион усмрти пешак кој претходно бил пријавен за исчезнат
    • Општина Центар со честитки за несовесните возачи: 86 казни за паркирање на зелени површини
    • Поскапеа IQOS цигарите
    • НП Шар Планина со предупредување: Зголемена опасност од лавини, се апелира на максимална претпазливост
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Министерство за транспорт смирува: Не верувајте во шпекулации, се бара трајно решение со Брисел

    Министерство за транспорт смирува: Не верувајте во шпекулации, се бара трајно решение со Брисел

    16.02.2026 во 12:39
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерството за транспорт информира дека, во тесна координација со Европската комисија, се работи на трајно решение за статусот на македонските превозници во рамки на Шенген зоната. Ресорните министерства веќе подолго време се во интензивен дијалог со ЕК со цел да се изнајде одржливо решение што ќе ги заштити интересите на домашните превозници.

    Според Министерството, во фокусот на разговорите е новата визна стратегија на Европската Унија, која предвидува можност возачите да бидат третирани како професионалци, како и разгледување на други видови визи кои би ја олесниле нивната работа во странство.

    Исто така, е потврдено дека примената на ЕЕС системот ќе биде одложена, што дава дополнителен простор за пронаоѓање соодветно решение. Техничка работна група составена од претставници на сите релевантни ресорни министерства и на Европската комисија активно ги разгледува сите опции. Разговорите ќе продолжат со зголемена динамика во наредниот период, со цел да се постигне решение прифатливо за сите страни.

    Министерството апелира до јавноста да не се потпира на шпекулации или непроверени информации, особено оние што доаѓаат од соседните земји, нагласувајќи дека секоја држава носи свои одлуки. „Македонија останува посветена на дијалогот за трајно решение“, се наведува во соопштението.

    Популарно

    Брисел ги одби превозниците од Балканот: Се најавуваат блокади на границите и пристаништата

    16.02.2026 во 09:36

    Страшна сообраќајка ја потресе Македонија: Загина 25-годишен кривопаланчанец, три лица тешко повредени

    16.02.2026 во 10:00

    Се излеа Вардар

    16.02.2026 во 09:32

    Ќе нема струја до 15 часот – ЕВН најави зафати во електродистрибутивната мрежа

    16.02.2026 во 09:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.