Посетата на САД ја започнав со работна средба со MITRE Corporation, една од највлијателните и најдоверливи институции што со децении работат директно за Владата на САД во делот на сајбер безбедноста, која управува со повеќе FFRDC центри (Federally Funded Research and Development Centers), информираше на социјалните мрежи министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.
Нивната работа опфаќа области што се клучни за современата држава:
Средбата вклучи разговори со Beth Meinert, Виш потпретседател, генерален директор, и Yosry Barsoum и Shamik Das од MITRE Corporation, лидери кои работат на најкритичните државни системи во САД. Разговорот беше насочен кон тоа како се гради доверба во дигиталната држава, како се поставуваат јасни правила за одговорност и безбедност, и како институциите можат да носат подобри одлуки базирани на податоци, стандарди и мерливи резултати. Имав можност да го погледнам и нивниот иновациски центар за истражување, кој е врвот што се однесува во развој на последните технологии.
Ова е почеток на посетата во САД, во рамки на присуството на Молитвениот појадок, но и уште една потврда дека дигиталната трансформација не е ИТ-проект, туку институционална реформа, додава Андоновски на ФБ.

